Утрински Весник
Македонија

Британски медиуми: Македонија ќе добие до 20.000 фунти за еден мигрант

Migranti 696x411 1.jpg

Британските медиуми излегоа со нови детали околу наводниот договор со Македонија за прифаќање на мигранти за кои властите во Лондон ќе оценат дека се неподобни за влез во Британија.

„Дејли Експрес“ пишува дека пристапот на Северна Македонија е претпазлив и прагматичен откако останатите Балкански држави како Албанија и Босна и Херцеговина одбија веднаш да бидат инволвирани посочувајќи ги како проблем лимитираните капацитети и националните интереси.

Владата наводно бара безбедносни гаранции и инвестиции во замена за кооперација која што ја рефлектира дипломатската комплексност и сензитивност на проблемот, пишува британски Експрес.

Велика Британија ќе и исплаќа на Македонија до 20 илјади фунти по депортиран мигрант соогласно новиот договор за „повратни центри“ кој има за цел да го забрза процесот на депортирање на индивидуи кои немаат легално право да останат во ОК. Договорот е дел од напорите на британската Влада за партнерство со трети држави кои би ги прифатиле мигрантите кои не можат да бидат вратени во нивните матични држави поради легални или практични пречки. Соогласно последните објави, платежната структура има со цел да и помогне на Северна Македонија во трошоците за престој и како дополнителна мотивација со цел соработка со договор кој најпрвин би го покрил пробниот период.

Инсајдереските информации говорат дека договорот со Северна Македонија е првиот од таков тип на Обединетото кралство и претставува промена кон процесирање надвор од британска територија или модели на реалокација претходно тестирани од други европски држави, пренесува Експрес.

Можете да прочитате

АА на Села ќе одржи партиско собрание на 27 декември

Кичевчанец возел со над 1,5 промили алкохол во крвта

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се обидува да создаде лажен скандал со интерпретации и класични дезинформации