Утрински Весник
Македонија

Во среда ,,Љубовта никогаш не говори со еден глас” во Филхармонија

34 Filharmonija Sk2014.jpg

Уметничката вечер ,,Љубовта никогаш не говори со еден глас” ќе се одржи во малата сала на Филхармонија, оваа среда на 10 декември, во 19:15 часот . На оваа уметничка вечер нејзините лица и гласови ќе оживеат преку записите, песните и драмските сцени од книгата „Три лица на љубовта“ на Митко Чешларов.

Дел од песните од книгата во композиции ќе ги изведат Мариана Бошковска, Ана Петановска, Горан Наумовски, Агни Ашвар, Биба Фофева, Жаклина Стевковска и Зорица Поп Панкова.

Водители ќе бидат Жаклина Стевковска и Драги Павлевски.

Можете да прочитате

СДСМ: Додека Гостивар пие загадена вода, ВМРО-ДПМНЕ со бизнис зделка од 100.000 евра за набавка на флаширана вода

ВЛЕН: Охридскиот договор не е тапија на ДУИ, а уште помалку има право да го урива

Полициска акција во Скопје: Во „голф“ откриени околу 230.000 евра, двајца приведени од Косово