Утрински Весник
Македонија

Објектите на приклучок на парно ќе мора да имаат инсталација за греење

Parno.jpg

Станбените, деловните и колективните објекти на подрачја каде е можно приклучување на систем за топлинска енергија, задолжително ќе мора да имаат целосна инсталација за парно греење. Ова е предвидено со Предлог-законот за изменување на Законот за градење, кој денеска доби поддршка од Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање.

Со измените се очекува поефикасно користење на енергијата, заштита на топлината и намалување на загадувањето во зимскиот период.

– Измените се донесуваат како одговор на практичните проблеми со обезбедување квалитетно и унифицирано снабдување со топлинска енергија. Целта е да се постави стандард за модерно урбано живеење и да се намали загадувањето во зимските месеци, соопшти Владата.

Можете да прочитате

Приведен возач на автобус, управувал без возачка дозвола

ОJO со детали за физичката пресметка пред угостителски објект во Скопје, покрената истражна постапка

Маж од гостиварско ја следел поранешната девојка и преку лажни профили и упатувал закани