
Почна средбата на рускиот претседател Владимир Путин со специјалниот пратеник на САД, Стив Виткоф, и со Џеред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп, на која разговараат за можностите за ставање крај на војната во Украина, објавија руските медиуми.
На состанокот присуствуваат и советникот на Путин, Јуриј Ушаков, како и специјалниот претставник Кирил Дмитриев.
Вашингтон пред десет дена претстави план од 28 точки – кој беше оценет како пристрасен кон руските барања. Европските партнери и Украина оттогаш преработија делови од предлогот со американските претставници, иако неколку точки остануваат спорни.

