Утрински Весник
Македонија

Предлози за нови министри од ВРЕДИ стигнаа до Собранието

Whatsapp image 2025 10 28 at 13.39.39.jpeg

До Собранието е пристигнат предлогот за новите министри од ВРЕДИ, информираа попладнево од кабинетот на претседателот на законодавниот дом Африм Гаши. Новите министри треба да дојдат на местото на Изет Меџити, кој беше прв вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање до неговиот избор за градоначалник на Општина Чаир, како и на министерот за европски прашања Орхан Муртезани.

Поранешниот владин портпарол Мухамед Хоџа е предложен за министер за екологија, а актуелниот пратеник и поранешен министер за здравство Беким Сали треба да го замени Орхан Муртзаани, кој  се очекува да биде разрешен на следната собраниска седница.

Согласно Деловникот на Собранието, предлозите ќе бидат распределени на понатамошна постапка. За денот на одржувањето на седницата за избор на новите министри, Собранието ќе информира дополнително.

Можете да прочитате

СВР Охрид уапси двајца возачи и одзеде две возила

Шукова: Оставка на Тошковски, пропустите на МВР и центрите за социјална работа доведоа до трагедија

Правната сигурност и законодавната пракса во Република Македонија: Помеѓу нормативната теорија и практичната реалност