Утрински Весник
Свет

Русија и Монголија ќе градат гасовод кон Кина

Gasovod.webp.webp

Рускиот вицепремиер Алексеј Оверчук и монголскиот вицепремиер и министер за економија, Џадамбин Енхбајар, денес разговараа за изградба на гасовод низ Монголија до Кина, јави „Интерфакс“.

Оверчук нагласи дека Русија е главен снабдувач на нафта и нафтени производи за монголскиот пазар и дека во септември трите земји Русија, Кина и Монголија се договориле за изградба на гасоводот низ територијата на Монголија.

Претседателот на Управниот одбор на „Газпром“, Алексеј Милер, потврди дека руската компанија и Кинеската национална нафтена корпорација (CNPC) потпишале правно обврзувачки меморандум за изградба на гасоводите „Моќта на Сибир 2“ и транзитниот „Сојуз Восток“ низ Монголија, објави Танјуг.

Можете да прочитате

Руски балистички напади врз Киев, Украина со дронови нападна цели на руска територија

Минатата година е една од најсушните во последните децении

Администрацијата на Трамп укинала помош од 177 милијарди долари за граѓаните