Утрински Весник
Македонија

УЈП: Нема прекин на повратот од МојДДВ – технички проблем ја забави исплатата за дел од корисниците

Mojddv Smetka 1.jpg

Управата за јавни приходи соопшти дека повратот на средства од мерката МојДДВ за скенираните фискални сметки од третиот квартал во 2025 година продолжува непречено и дека исплатите не се прекинати ниту откажани.

Од УЈП појаснуваат дека кај дел од спецификациите бил забележан технички проблем кој бара целосна преработка. Имено, доколку во само еден од налозите има корисник кој сменил банка или трансакциска сметка, системот ја стопира исплатата и ја враќа целата пратка назад, со што средствата не можат да бидат префрлени ниту кај другите корисници кои се дел од истиот налог.

Овој проблем е веќе детектиран, а надлежните служби активно работат на негово надминување. Целта, според УЈП, е да се обезбеди точна, правична и целосна исплата за сите граѓани.

Исплатата за корисниците со валидни и потврдени податоци е во тек, додека за останатите ќе биде реализирана веднаш по завршување на техничката преработка.

Од Управата упатуваат апел до граѓаните – во случај на промена на банка или трансакциска сметка, неопходно е навремено ажурирање на податоците во системот за да се избегнат застои во иднина.

„Граѓаните можат да бидат спокојни – средствата кои им следуваат од МојДДВ ќе им бидат исплатени“, poračuvaат од УЈП.

Можете да прочитате

Муцунски на работна посета во Брисел

УХМР од утре најавува пресврт: Дождот ќе премине во снег

Беким Сали и Муамет Хоџа – предлог на Владата за нови министри