Утрински Весник
Спорт

Убедливи победи за Вардар и Струга ТЛ во 15.коло

Pmfl.png

Водечките екипи во Првата фудбалска лига, Вардар и Струга ТЛ остварија убедливи победи во денешните дуели од 15.коло. Вардар го совлада тимот на Шкупи со 6:1, додека Струга ТЛ го победи Башкими со 6:0. Вардар е лидер со 39 бодови, пред Струга со 38.

Вардар за две минути постигна два гола за водство до 2:0, а стрелец беше Горан Закариќ во 36 и 37.минута. На стартот од вториот дел Михаил Талевски (47.минута) зголеми на 3:0, додека капитенот Азер Омерагиќ донесе предност од 4:0 во 57.минута. Голот за Шкупи во 71.минута го постигна Марио Станковски, а до крајот на натпреварот Омерагиќ постигна уште два гола за хет-трик (79 и 84.минута) за конечни 6:1.

Серијата голови во Струга ја „отвори“ Бунјамин Шабани во 24.минута, а на 2:0 зголеми Христијан Малески во 37.минута, додека третиот гол во 40.минута го постигна Стефан Јевтовски. И во вториот дел имаше три гола во мрежата на Башкими, а стрелци беа: Меметриза Хамза (53.минута), Малески (61.минута) и Арби Воша (89.минута).

На претходно одиграните дуели: Силекс – Арсими 1:3, Пелистер – Македонија ЃП 1:1 и Брера – Тиквеш 0:4.

Утре во 13 часот во Тетово се игра последниот натпревар меѓу Шкендија и Работнички.

Можете да прочитате

18 млади репрезентативци одат на светско првенство со самофинансирање – за што служи Министерството за спорт, прашува Левица

Светската џудо елита викендов ќе се натпреварува во „Јане Сандански“

Интер Мајами го освои Купот Кампеонес, Меси го постигна својот 100. гол за клубот од МЛС