Утрински Весник
Свет

Белгиски војник загина при воена вежба во Литванија

Slove 1.jpg

Припадник на белгиската Армија загина при воена вежба на вооружените сили од неколку земји членки на НАТО во Литванија.

Како што соопшти синоќа Министерството за одбрана на Белгија, војникот бил сериозно повреден во петокот при вежба со минофрлачи, по што вчера им подлегнал на повредите.

– Нашиот млад колега од артилериски баталјон се здоби со многу сериозни повреди во петок на 28 ноември 2025 година, за време на минофрлачка вежба. И покрај непосредната медицинска помош на самото место и неговото префрлање во цивилна болница, тој за жал денеска им подлегна на повредите, се наведува во синоќешното заедничко соопштение потпишано од белгискиот министер за одбрана Тео Франкен и началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Белгија, Фредерик Вансина.

Во соопштението се додава дека белгиската Армија покренала внатрешна истрага за утврдување на точните околности за инцидентот, а во исто време одвоена истрага за случајот отворило и Федералното обвинителство на Белгија.

Загинатиот војник е дел од белгиските сили кои веќе неколку месеци се стационирани во Литванија во рамки на мисијата за одвраќање на НАТО долж источното крило на Алијансата.

Можете да прочитате

„Почеток на крајот за картелот“: Обединетите Арапски Емирати излегуваат од ОПЕК

Дали Трамп ќе мора да ја прекине војната против Иран на 1 мај?

Украински напад врз Русија, тројца загинати