Утрински Весник
Македонија

Летаат казни: Не тргнувајте на пат без зимска опрема

Zimska guma.png

Педесет возачи на територијата на СВР Скопје заработија казни во првите две недели од стапувањето на сила на обврската за задолжително поседување на зимска опрема.

Санкциите се изречени во периодот од 15 ноември, кога започна законската обврска, па заклучно со вчерашниот ден, 29 ноември 2025 година.

Од Министерството за внатрешни работи апелираат на почитување на законот за да се овозможи безбеден сообраќај.

„Почитувани, за непоседување на зимска опрема во возилата во периодот од 15.11.2025 кога и започна задолжителното поседување на зимска опрема во возилата согласно законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, до 29.11.2025 година, на територија на СВР Скопје санкционирани за 50 возачи. Апелираме до возачите да се придржуваат кон законската обврска за поседување на зимска опрема, бидејќи така овозможуваме непречено и безбедно одвивање на сообраќајот на патиштата во зимски услови.“

Можете да прочитате

Демократски Сојуз смирува: Војната во Иран брзо ќе заврши

Фертилитетот во фокус: Експерти подготвуваат прв Национален водич за заштита на фертилитетот

Началникот на Генералштабот на АРМ ја заокружи посетата на ВС на САД  со средби со високи воени претставници во Пентагон, Вашингтон