Утрински Весник
Македонија

Левица: ВМРО-ДПМНЕ го одби нашиот амандман за ин-витро ваучери

Levica.webp.webp

Во низата амандмани кон Предлог-Буџетот за 2026 година, Левица бараше да се зголеми буџетската ставка за биомедицински потпомогнато оплодување за дополнителни пет милиони евра. Причината е едноставна – Македонија се соочува со пад на наталитетот, а една од причините е и здравствената дисфункција која спречува многу семејства да добијат свое дете. Во такви услови, програмата за ин-витро мора да биде засилена, а не оставена да запаѓа во бирократска летаргија, стои во соопштението на Левица, што МИА го пренесува интегрално.

Пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил, посочи дека и покрај тоа што Фондот за здравствено осигурување нуди ваучери, самите корисници и понатаму плаќаат речиси половина од целата процедура од свој џеб. Тоа ја поништува суштината на програмата и наместо вистинска поддршка, станува само делумна помош што за многу семејства е финансиски недостижна. Зголемувањето на средствата е првиот чекор кон поправичен и функционален систем, кој ќе им го олесни товарот и ќе им даде реална шанса на семејствата што најмногу ја чувствуваат оваа борба.

Сепак, владејачкото мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ без дебата, го одби и овој амандман. Наместо да изберат политика што навистина го поттикнува наталитетот, избраа да ги игнорираат реалните потреби на граѓаните и докажаа дека нивните грижи и мантри за наталитетот се само празни зборови или десничарски диктаторски чинови со коишто на граѓаните, без обезбедување на соодветни услови и можности, им наредуваат да имаат повеќе деца.

Можете да прочитате

Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите клучни за економскиот развој и подобрување на животниот стандард на граѓаните

Радовишанец им се заканувал на вработени во странска амбасада, упатен на психијатриско набљудување

17 лица лишени од слобода во изминатото деноноќие, возеле без дозвола и под дејство на алкохол