Утрински Весник
Македонија

Повеќе од 70 пациенти добија бесплатен преглед во рамки на месецот на машкото здравје

Lekar.webp.webp

Повеќе од 70 пациенти денеска направија ЕХО и уролошки прегледи во Специјализираната болница „13 Ноември“ – Скопје, во рамки на акцијата по повод Мовембер – месецот на машкото здравје.

Урологот д-р Дарко Костовски од ГОБ „8 Септември“ апелира дека мажите, особено оние над 50 години, треба редовно еднаш годишно да прават уролошки прегледи, кои вклучуваат ЕХО и туморски маркери за простата. Кај лица со семејна историја на заболувања, проверките се препорачуваат од 45 години, па и порано.

Директорката на болницата „13 Ноември“, Ленче Нелоска, истакна дека акцијата има цел да ја подигне свеста кај мажите кои ретко одат на уролог, и дека навремената контрола може да спречи сериозни последици. Акцијата ја поддржа и градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, кој порача дека превенцијата е клучна. Како предупредувачки симптоми се издвојуваат крв во урина, болка при седење и зголемена потреба за мокрење.

Можете да прочитате

Уставниот суд ги отфрли иницијативите за „Сејф сити“

Синдикатот на културата поднесе кривична пријава против министерот Љутков, тој ги отфрла обвинувањата

Расте бројот на компании задоволни од бизнис-климата во Македонија вели Мицкоски