Утрински Весник
Македонија

Повеќе од 70 пациенти добија бесплатен преглед во рамки на месецот на машкото здравје

Lekar.webp.webp

Повеќе од 70 пациенти денеска направија ЕХО и уролошки прегледи во Специјализираната болница „13 Ноември“ – Скопје, во рамки на акцијата по повод Мовембер – месецот на машкото здравје.

Урологот д-р Дарко Костовски од ГОБ „8 Септември“ апелира дека мажите, особено оние над 50 години, треба редовно еднаш годишно да прават уролошки прегледи, кои вклучуваат ЕХО и туморски маркери за простата. Кај лица со семејна историја на заболувања, проверките се препорачуваат од 45 години, па и порано.

Директорката на болницата „13 Ноември“, Ленче Нелоска, истакна дека акцијата има цел да ја подигне свеста кај мажите кои ретко одат на уролог, и дека навремената контрола може да спречи сериозни последици. Акцијата ја поддржа и градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, кој порача дека превенцијата е клучна. Како предупредувачки симптоми се издвојуваат крв во урина, болка при седење и зголемена потреба за мокрење.

Можете да прочитате

Скопјанец пијан со 2.2 промили возел низ Охрид

Левица: Трети по фемициди, над европскиот просек по полицајци – власта ги чува во фиока измените на Законот за заштита од семејно насилство

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Венко прво да научат кој е надлежен за банките во државата, а одма по тоа да излезат од шаблонот за криминал на Заев