Утрински Весник
Македонија

Камион и автомобил се судриле на патот Куманово – Крива Паланка, трае увидот на полицијата

20251129114435 big 730x400 79.webp.webp

Полицијата сè уште врши увид во сообраќајната несреќа што се случи, утрово на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка кај село Ругинце. Во сообраќајната несреќа која се случила околу 8:15 часот учествувале камион и автомобил.

– Денеска околу 8:15 часот во СВР Куманово било пријавено дека на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка, кај село Ругинце се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно моторно возило со бугарски национални ознаки и патничко моторно возило со кривопаланечки регистарски ознаки. Увидот е во тек, соопшти полицијата.

Утрово од 8.30 часот магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, поради случена сообраќајна несреќа сообраќајот беше во во целосен прекин, а од 09.15 часот се одвива со наизменично пропуштање на возилата, информира АМСМ.

Можете да прочитате

Петковски: Македонија троши 44 милиони евра годишно за осигурување од несреќи, но парите завршуваат во „буџетска дупка“

Муцунски: Владата посветено работи на реформите, целта е да бидеме лидери во регионот

Стојчевски: Фирми плаќаат по 14 казни и продолжуваат со небезбедни градилишта