Утрински Весник
Балкан

Во Црна Гора разбиена мрежа на руски платеници

0fce1731 e772 4231 850d 07a4a1797074.jpg

Црногорската полиција разби мрежа на платеници кои се бореле на страната на Русија на украинското бојно поле, а уапсен е Данко Савиќ, државјанин на Босна и Херцеговина со постојан престој во Црна Гора, како што објавија денес медиумите во Подгорица. Тој имал еден и пол милион евра на сметка, кои, според црногорската полиција, ги стекнал за време на неговиот престој во руските формации.

Како што е објавено, Савиќ е уапсен како дел од координирана операција со кодно име „Луганск“, а за време на претресот на станбени и други простории што ги користел, полицијата запленила 12,2 килограми експлозив, десетици куршуми муниција од различен калибар, оптика за ноќно гледање, опрема за чистење оружје, радиоприемници, сигнален пиштол, како и делови од огнено оружје.

Според извештаите, во оваа полициска операција досега учествувале 12 лица, а полицијата претресла 13 локации во Даниловград, Никшиќ и Подгорица.

„Пронајдени и запленети се: 24 огнено орудија, повеќе од 1.000 куршуми муниција, неколку рамки, девет ножеви, сабји и бајонети, како и униформи, знамиња и други обележја на формациски организации и групи, како и други предмети што можат да се запленат во согласност со законот, во врска со овие и сродни кривични дела“, соопшти црногорската полиција.

Меѓу конфискуваните предмети беа бројни воени униформи, панцири, шлемови, СИМ-картички, комуникациски уреди, како и лични карти на Црногорското козачко братство, честопати со различни имиња. Полицијата заплени и гас-маска, амблеми со грбови и натписи, метален боксер и документација што укажува на поседување вреден имот.

Според полицијата, материјалните докази укажуваат дека Савиќ учествувал во странски воени структури на Руската Федерација во Луганск, во периодот од почетокот на 2023 до почетокот на 2025 година. Се сомнева дека неговото ангажирање било мотивирано од финансиска добивка и дека токму во овој период ја стекнал спорната сума од 1,5 милиони евра.

Можете да прочитате

(Видео) Во Србија се урна пат кој уште не е пуштен во употреба

За уривање на облакодерот на „Вјесник“ ќе бидат потребни стотици килограми експлозив

Ердоган го пофали ставот на папата Лав за палестинското прашање