Утрински Весник
Свет

Европол заплени осум милиони штетни играчки

Igracki.webp.webp

Агенцијата за спроведување на законот на Европската Унија (Европол) соопшти дека во предбожиќната акција запленети се осум милиони лажни и штетни играчки од продавници и пазари во 26 држави.

Европол посочи дека повеќето од конфискуваните играчки „целосно ги избегнале строгите правила на ЕУ за производи наменети за деца“.

Запленети се фалсификувани кукли, коцки, автомобили, комплети за боење и кадифени играчки што би можеле да претставуваат опасност од пожар.

Тоа е втора операција на Европол во изминатите две години, а вкупниот број на конфискувани фалсификувани играчки, од кои повеќето се од Кина, достигна речиси 17 милиони.

Помеѓу запленетите играчки има и такви „што можат да предизвикаат задушување, давење, исеченици, изгореници и изложеност на хемиски супстанции“, како и „трајни хемикалии“, што би можеле да бидат канцерогени.

Европол упати апел до родителите да бидат внимателни при купувањето за Божиќ и да го ограничат купувањето само кај проверени продавачи

Можете да прочитате

Над 160 лица загинаа во поплавите во Азија

САД трајно ќе ја запрат имиграцијата од „земјите од третиот свет, најави Трамп

Најнов биланс: 94 мртви во пожарот во Хонг Конг