Утрински Весник
Македонија

Тренчевска до Велковски: Како ќе бидат исплатени пензиите на 1 декември кога во буџетот нема средства

Obrakane jovana trenchevska.jpeg

Пратеничката од Социјалдемократаскиот сојуз на Македонија, Јованка Тренчевска, на денешните пратенички прашања упати прашање до заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади,Ѓоко Велковски, за состојбата со Фондот за ПИОМ и динамиката на исплата на пензиите.

Тренчевска во своето обраќање посочи дека дупката во Фондот за ПИОМ е над 1 милјарда евра, односно толку пари државата ќе префрла за да можат да се сервисираат секој месец пензиите. Како што кажа Тренчевска, одржливоста на Фондот за ПИОМ е веќе сериозно нарушна, ставката од која се трансферираат средствата од министерството кон фондот за исплата на пензиите е 100% реализирана, односно пари на таа сметка нема.

Прашањето на Тренчевска до Велковски беше, како ќе бидат исплатени пензиите на 1 декември и од каде ќе се најдат средства за префлрлање до Фондот, кога во буџетот нема средсства.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Венко прво да научат кој е надлежен за банките во државата, а одма по тоа да излезат од шаблонот за криминал на Заев 

Зајкова и ЛДП со петиција за електронски нараквици за сторителите на насилство

Уапсен скопјанец, фатен како презема дрога