Утрински Весник
Балкан

Србија ќе аплицира за отворање Регионалното биро на Интерпол за Југоисточна Европа во Белград

Srbija policija 2.jpg

Србија ќе аплицира за отворање Регионалното биро на Интерпол за Југоисточна Европа. Седиште ќе во Белград, соопшти денеска српското Министерство за внатрешни работи.


„Заинтересирани сме Регионалното биро за Југоисточна Европа да биде во Белград и официјално ќе аплицираме“, рече Дачиќ, кој ја предводеше српската делегација на 93-та седница на Генералното собрание на Интерпол во Маракеш.

Тој додаде дека разговарал за тоа со претседателот на Интерпол во заминување, Ахмед Ал-Раиси, и генералниот секретар на Интерпол, Валдеси Уркиз.Според министерот, под водство на претседателот на Интерпол во заминување, Ахмед Ал-Раиси, Интерпол успеал да ги врати своите оригинални принципи, да биде организација на сите свои членки.

Дачиќ изјави дека очекува Уркиз да го посети Белград во следните неколку месеци и дека тоа ќе биде можност за понатамошни разговори за Регионалното биро во Белград.

Министерот рече дека му го доделил на Ал-Раиси највисокото признание што може да го додели МВР на Србија, а тоа е ѕвездата „Јаков Ненадовиќ“.

Можете да прочитате

Дачиќ: МВР на Србија ќе аплицира за отворање на Регионално биро на Интерпол за ЈИЕ со седиште во Белград

Од 1990 до 2023 година Албанија изгуби 40, а Косово 50 отсто од населението

Турција приведе над 400 осомничени во серија големи операции против кибер криминал