Утрински Весник
Македонија

Министерот Мисајловски утре на состанок на процесот СЕДМ во Сараево

Misajlovski.webp.webp

Министерот за одбрана Владо Мисајловски заедно со министрите за одбрана на земјите од регионот, утре, 27 ноември 2025 година, во Сараево, Босна и Херцеговина, ќе учествува на состанокот на министри за одбрана на земјите од Југоисточна Европа кои се дел од иницијативата SEDM – South East Defence Ministerial.

На состанокот е предвидено да се разговара за клучните безбедносни предизвици на глобално ниво кои имаат влијание врз целиот регион, како и за натамошниот развој на овој процес во чии рамки функционира и Бригадата на Југоситочна Европа (SEEBRIG).

Во Босна и Херцеговина министерот Мисајловски ќе ги посети и припадниците на македонската Армија кој даваат придонес во операцијата на Европската Унија, EUFOR – ALTHEA и ќе оствари средба со командантот на EUFOR, генерал-мајор, Флорин-Мариан Барбу.

Можете да прочитате

(Видео) Тешка сообраќајка кај Соборниот храм во Скопје

Николоски: Патот од Фариш до Прилеп не смее да остане црна дупка, ќе се гради автопат или експресен пат 

Премиера на новата детска претстава „Металковци патуваат” на Малата сцена во МОБ