Утрински Весник
Македонија

Спречен обид за криумчарење хашиш, едно лице е приведено

Image 2025 11 26 114551133.png

Царински службеници на влез во државата на Меѓународен Аеродром Скопје спречија обид за криумчарење 48,8 грама хашиш, скриен во личен багаж на гостиварчанец родум од Швајцарија, кој патувал со лет Цирих – Скопје. Случајот е откриен при детална контрола и претрес на личниот багаж на патникот при што помеѓу неговите лични ствари е пронајдена вакумирана ќеса со хашиш, кој патникот ја купил во Германија со намера да ја пренесе и неовластено да ја пушти во промет во Македонија.

Веднаш се преземени истражни дејствија од страна на Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги, при што патникот е лишен од слобода, а против него е поднесена кривична пријава за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”, казниво по Кривичниот законик.

Овој случај ја нагласува будноста на Царинската управа во навремено детектирање и откривање на софистицираните методи на криумчарење.

Можете да прочитате

Филипче: Илјада токсични наслови – докази за организиран линч врз мене и СДСМ

Кавадарчанка измамена преку СМС, за лажен прекршок и наплатиле близу 500 евра 

Левица со амандмани против козметичките „реформи” на ДПМНЕ во Кривичниот законик