Утрински Весник
Македонија

Мицкоски кон Коцевски: Не очекуваме признавање на неуспех, аргументите се јасни

Adsiz 940 x 600 piksel 4.jpg

Премиерот Христијан Мицкоски денеска остро реагираше на изјавата на јавниот обвинител Љупчо Коцевски, кој тврди дека иницијативата за негово разрешување е политички мотивирана. Според Мицкоски, аргументите за работата на обвинителството се видливи за целата јавност.

„Ние не очекуваме од јавниот обвинител да каже дека е виновен или дека не успеал во својата работа. Едноставно, тоа е очекувано што тој го кажува. Јавноста ги гледа аргументите, сведочи за неговата работа, за работата на Обвинителството и на судовите. За жал, малкумина се тие што се обиделе да направат промени, а тој е заробеник во рамките на Обвинителството“, рече Мицкоски.

Во врска со најавата на Коцевски дека ќе се спојат предметите за дивоградбите во Чаир – едниот отворен по „Допрен глас“, а другиот по пријава на поранешната градоначалничка Данела Арсовска – премиерот нагласи дека доколку постои криминал, не треба да има дилеми.

„Органите треба да си ги вршат своите работи. Ако Обвинителството одлучило да ги спои предметите, тоа е нивна работа, немам што да коментирам. Доколку постои основа за било какви кривични дела, нема тука дилема“, додаде Мицкоски.

Можете да прочитате

Дневен хороскоп за 25 април 2026 година

СВЕТИ ЗИНОН ВЕРОНСКИ: Истакнат епископ, борец против аријанството и голем чудотворец

Трајанов: Македонија има најразвиен систем за превенција од радикализација во регионот