Утрински Весник
Свет

Украина се согласи на мировен договор со Русија

Zelenski45 1.jpg

Украина се согласи за договор за прекин на војната со Русија. Според изјава на анонимен американски функционер за CNN, недостасува се уште многу труд и работа од страна на укранскиот претседател Володимир Зеленски.

Изјавата на анонимниот американски фунцкионер е дадена за време на посетата на Абу Даби од американскиот секретар на армијата, каде се одржаа состаноци со руски функционери во врска со предлогот на администрацијата на Трамп.

,,Украинците се согласија на мировен договор.Постојат некои мали детали што треба да се решат, но тие се согласија на мировен договор” – истакна тој.

Можете да прочитате

САД воведоа санкции врз кинеската рафинерија за нафта поради соработка со Техеран

САД и ЕУ потпишаа Меморандум за стратешко партнерство за ретки минерали

НАТО: Северноатлантскиот договор не предвидува исклучување на земја-членка