
Нов модел на доброволен воен рок треба да биде претставен од страна на францускиот претседател Емануел Макрон овој четврток. Проектот не предвидува враќање на задолжителното регрутирање, туку обука за насочување на доброволците кон активниот состав или резервата.
Иницијативата за доброволен воен рок доаѓа поради руската закана, а планот има широка политичка подршка.
Елисејската палата соопшти дека за реформата ќе бидат потребни законски измени и дека ажурираниот закон за воено планирање ќе биде претставен до 21 декември.

