Утрински Весник
Македонија

Атанасов: Градоначланикот Јанчев многу добро знае дека Рома Кафе ги исполнува условите за безбедност, на концертот беа и членови на неговото семејство

Whatsapp image 2025 11 24 at 16.10.31.jpeg

Контролата на концертот на Аца Лукас започна во 23.00 часот и траеше до 00.10 часот. Вака сопственикот на Рома Кафе, Ѓоко Атанасов, ја почнува својата изјава за 24инфо.мк дадена по случувањата викендов.

Тој објаснува дека јавната површина, односно тротоарот не се користел, согласно насоките од општината.

Објектот Рома кафе беше издаден под наем, поткрепено со писмен договор со фирмата Блек-Хол Дооел,со прецизно утврдени обврски и права на организаторот. Во таа насока сакам да истакнам дека инспекциите од ДПИ, УЈП, БЗР, МВР и Општината надзорот го вршеа со одговорни лица од Блек-Хол Дооел.

Што се однесува до безбедноста сакам посебно да истакнам дека на денот на настанот бев повикан на состанок во полициската станица во Кавадарци со надлежните инспекторати споменати погоре и заклучивме дека условите и насоките од Градоначалникот се исполнуваат за настанот освен во делот со број на посетители и тоа од моја страна во целост им беше пренесено на организаторите. Доколку заклучивме на состанокот дека има каква било опасност за одржување на настанот требаше да го прекинеме пред неговиот почеток“ вели Атанасов.

Тој додава и дека градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев многу добро знаел дека кафулето ги исполнува безбедносните услови и дека вечерта на концертот биле присутни членови на неговото семејство.

„Во дилема сум за безбедноста која Градоначалникот ја спомнува зошто на настанот беа присутни цленови на неговата фамилија како и на мојата и сите останати посетители. Најодговорно тврдам дека објектот Рома Кафе ги има најбезбедните услови, а тоа Градоначалникот многу добро лично го знае од свои лични случки во Рома кафе“ завршува Атанасов.

Можете да прочитате

Безживотно тело на 42-годишник од Тетово најдено во близина на селото Нераште

Аца Лукас најави нов концерт во Скопје, парите ќе ги донира на семејствата на жртвите од Кочани

Агенцијата за филм ќе ја поддржи со 100.000 евра кампањата за Оскар на македонскиот кандидат „Приказната за Силјан“