Утрински Весник
Свет

Температурите падна до -37°C, европска земја окована во снег и мраз

Studeno.webp.webp

Алпскиот регион беше погоден од екстремно студена ноќ во која температурите драстично паднаа. Студениот бран не ги погоди само планинските подрачја, минусот се почувствува и во низините, каде што живата во термометарот падна на -7 степени.

Најниската температура во Франција е забележана во алпската општина Ле Понте, каде што се измерени -27 степени. Во соседна Германија, во покраината Баден-Виртемберг, утринските мерења покажаа -24,1 степени.

Сепак, најдрастичниот пад на температурата се случи во Швајцарија. Градот Ле Бревин забележа -26,3 степени Целзиусови, додека областа Сагистала регистрираше екстремен студ од дури -36,8 степени, што е меѓу најниските вредности измерени во Европа оваа сезона. Во Алпите во северна Италија, температурата падна на -22°C.

На многу ниските температури им помогна разведрувањето по обилните снежни врнежи, па ноќта беше ведра. Многу студената воздушна маса продре сè до југот на Италија, но и до нашето подрачје.

Алпскиот регион вечерва беше погоден од нов бран обилни врнежи од дожд, па затоа во наредните денови ќе има многу дожд и снег. Иако сè уште ќе биде студено, температурите ќе бидат многу повисоки од оние забележани во претходните ноќи, благодарение на облачноста и врнежите.

Можете да прочитате

Маѓар ќе ја проверува финансиската поддршка што Орбан ја давал за Унгарците во Србија

Двајца агенти на ЦИА убиени во Мексико, едниот влегол како турист, другиот како дипломат

Трамп се откажа од преговорите со Иран