Утрински Весник
Свет

Мерц скептичен во врска со рокот на Трамп за мировниот план за Украина

Frodrih Merc Cdu 3 F.jpg

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска изјави дека не е убеден оти решение прифатливо за Украина ќе се најде до рокот што го постави американскиот претседател Доналд Трамп врз основа на предлогот за мировен план на САД, објавува британскиот весник „Гардијан“.

Тој оцени дека договорот е сè уште „многу далеку“.

-Денеска е недела. Планот на претседателот Трамп е да се постигне договор во четврток. Тоа не значи дека е целосно невозможно… Но, јас сум скептичен дека таков исход е можен со оглед на моменталните разлики, рече Мерц на маргините на самитот на Г20 во Јужна Африка.

Трамп ѝ даде рок на Украина до четврток следната недела да се согласи со планот од 28 точки.

Сепак, тој рече дека планот не е „конечна понуда“ и дека роковите би можеле да се продолжат ако процесот „оди добро“. 

Можете да прочитате

Туск: Би било „добро да се знае“ кој го напишал планот за Украина

Зеленски: Украина е благодарна за напорите на Трамп и САД

Рубио најави одредени промени во мировниот план за Украина