Утрински Весник
Магазин

(Видео) Менаџерот на Аца Лукас до Мицкоски: Откачете се од „црната вдовица“

Text max 1199 1181.jpg

По синоќешното видео на Аца Лукас, со свое видео обраќање по повод апсењето на српскиот пејач се јави и неговиот менаџер Саша Мирковиќ.

„Тој се пријави во хотелот кога пристигна во Македонија, и тоа требаше да го проверите со организаторите што го подготвуваат настапот, а не да го малтретирате Аца Лукас. Тој дојде да ги забавува Македонците, а не да игра политички игри за вас или за било кој друг. Голема брука и срамота што направивте“ рече Мирковиќ.

Тој се обрати и до македонските власти но и откри дали Лукас сепак ќе настапи на настанот во салата Јане Сандански закажан за крајот на годината.

@sasamirkovicofficial Severna Makedonija nije Severna Koreja da vlast maltretira građane drugih država zbog privatnih iskušenja na kojima se nalaze čelnici! #sasamirkovic #acalukas #ceca #hristijanmickoski #makedonija ♬ original sound – Saša Mirković

„Она што ве очекува во наредниот период, сигурен сум, е осуда од вашите граѓани поради вашата непрофесионалност. А вам, господине Мицкоски, уште еднаш ви предлагам да не бидете како Мило Ѓукановиќ и да се откачите од црната вдовица. Знаете вие на која мислам-таа што крева бугарско знаме-затоа што и тој изгуби на избори по дружбата со неа. Стравувам да не ви се случи истото. Тоа е мојата кратка порака. На сите Македонци им посакувам се најубаво во животот. До понеделник или вторник ќе донесеме одлука дали воопшто ќе настапиме во „Јане Сандански“ и дали ќе им овозможиме на Македонците, поради вас, една добра забава. Тоа сè уште е отворено прашање“, додаде тој“

Можете да прочитате

Бесплатни проекции на регионални филмови на Зимското издание на Фестивалската мрежа на Јадранскиот регион

Како правилно да го чувате брашното за да остане свежо?

Влијанието на сексуалната активност врз телото и умот