Утрински Весник
Спорт

Лидерот Вардар домаќин на Еурофарм Пелистер 2

20251121114431 big 730x400 50.webp.webp

Лидерот на ракометната Супер лига Вардар денеска го игра дуелот од 13.коло. Во СЦ „Јане Сандански“ гостува битолски Еурофарм Пелистер 2.

Секако „црвено-црните“ кои имаат максимален учинок во лигата се фаворити во дуелот. Почетокот на дуелот е во 18:30 часот.

Утре на програмата се три натпревари: Алкалоид – Тиквеш, Пролет – Еурофарм Пелистер и Бутел – Радовиш, додека во недела се игра последниот натпревар од оваа рунда меѓу МРК Куманово и Прилеп.

Колото стартуваше во средата со „езерското дерби“ каде фавориот Охрид како гостин славеше на теренот на Струга со 29:23.

Можете да прочитате

ПМФЛ: Силекс ја совлада Македонија ЃП

Данска противник на македонската репрезентација во полуфиналето на плејофот за СП 2026

Во Цирих ќе бидат извлечени двојките за плејофот за СП 2026