
На 18.11.2025 околу 15.00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул.„52″ и ул.„49″ во населба Стопански двор во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес” со германски национални ознаки, управувано од 35-годишната Л.Б. од Германија и патничко возило „мерцедес” со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Д.(51) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатник од возилото „мерцедес” со скопски регистарски ознаки О.Ш.(49) од Скопје, а со телесни повреди се здобиле сопатниците М.Ш.(22), Е.И.(23), А.Р.(30) сите од Скопје од истото возило, како и Л.Б. и нејзиниот малолетен сопатник, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза” и Градската општа болница „Св.Наум Охридски”.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

