Утрински Весник
Македонија

Началникот на Генералштабот на Армијата на Координативната конференција на командантите на јужното крило на НАТО

884921e3 3f1d 4c30 b854 35cabc41923d.jpg

Во периодот од 16 до 19 октомври 2025 година, делегација на Армијата, предводена од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, учествуваше на Координативната конференција на командантите на јужното крило на НАТО 2025 (SCCC – Southern Commanders Coordination Conference 2025).

Во рамките на конференцијата, денес генералот Лафчиски присуствуваше на церемонијата на примопредавање на должноста командант на Здружената команда на силите во Неапол (Joint Force Command Naples – JFCNP), на која адмиралот Стјуарт Манч ја предаде должноста на адмиралот Џорџ Викоф.

На конференцијата, која вчера продолжи со работни сесии, присуствуваа и претставници од шест партнерски земји на НАТО, членки на Истанбулската иницијатива за соработка и Медитеранскиот дијалог.

За време на престојот, началникот на ГШ на Армијата оствари одделни средби со стариот и новиот командант на JFCNP, како и со началниците на Генералштабовите на сојузничките и партнерските земји од регионот, при што беа разменети мислења во областите од заемен интерес, како и можностите за унапредување на регионалната соработка со цел зајакнување на безбедносната состојба.

SCCC 2025 претставува годишна конференција на која учествуваат началниците на Генералштабовите на 13 земји членки на НАТО што се дел од Здружената оперативна зона – југоисток, како и командантите на NATO Rapid Deployable Corps од Италија, Грција и Турција. На конференцијата учествуваат и командантите на мисијата КФОР (KFOR – Kosovo Force), НАТО мисијата во Ирак (NMI – NATO Mission in Iraq) и операцијата на ЕУ – АЛТЕА.

Можете да прочитате

Се поставуваат вреќи песок кај Меморијалниот центар АСНОМ кај Пелинце за заштита од поплава

Заменик-министерката Зеколи Шаќири бара правда за прегазениот сопруг, осудениот добил само 7 месеци казна затвор

Драма на Водно: Четворица заглавени на жичара спасени од полиција