Утрински Весник
Спорт

(Видео) „Бисер Балкански“ ечи среде Кардиф

Kardif11.jpeg

Македонија вечерва го игра последниот и најважен натпревар во квалификациите за Светското првенство 2026.

Противник ни е Велс против кого во Кардиф во 20.45 минути во директен дуел ќе решиме кој ќе биде втор на табелата и ќе добие поповолен противник во баражот.

Не очекува интересен меч, но македонските фудбалери нема да бидат без поддршка.

На еден час пред почетокот група македонски навивачи се собра во Кардиф во добро расположение.

„Бисер Балкански“ и навивачки песни ечат во Кардиф, македонските навивачи спремни со поддршка, спремни да сведочат на историски меч на фудбалската репрезентација.

Можете да прочитате

18 млади репрезентативци одат на светско првенство со самофинансирање – за што служи Министерството за спорт, прашува Левица

Светската џудо елита викендов ќе се натпреварува во „Јане Сандански“

Интер Мајами го освои Купот Кампеонес, Меси го постигна својот 100. гол за клубот од МЛС