Утрински Весник
Балкан

Бројот на жртви во пожарот во домот за стари лица во Тузла се искачи на 17, а починаа уште две жени

9a1baec1 5d9e 4bdb a28d 093fd33c8db2.jpg

Уште две лица кои беа повредени во пожар во дом за стари лица во Тузла на 4 ноември, починаа во болницата каде што беа лекувани, со што вкупниот број на жртви од трагедијата се искачи на 17, потврди денес Клиничкиот центар во Тузла.

Тие рекоа дека станува збор за жени кои биле жители на домот и од моментот кога биле евакуирани од запалената зграда поради нивната сериозна состојба, биле хоспитализирани на одделот за анестезија и реанимација. Клиничкиот центар изјави дека уште две лица кои се жители на домот се лекуваат на нивната Интерна клиника.

Откако избувна пожар на горните катови од дом за стари лица, 11 жители, претежно лица со ограничена подвижност и деменција, починаа на самото место од вдишување

чад и труење со јаглерод моноксид. Останатите жртви починаа подоцна од труење. Повеќе од 30 лица, вклучувајќи полицајци и спасувачи, беа повредени.

Обвинителството на округот Тузла минатата недела потврди дека пожарот е предизвикан од краток спој во радио приемник во сопственост на еден од станарите на домот, но сè уште нема одговор на прашањето дали системот за противпожарен аларм функционирал и зошто толку многу луѓе загинале.

Можете да прочитате

Хаос во Албанија: Судири пред Парламентот – летаат камења, молотови коктели, солзавец

Романскиот претседател ја отфрли идејата за референдум за обединување на Романија со Молдавија

Уставниот суд ја потврди оставката на Румен Радев, Јотова ја презема претседателската функција