Утрински Весник
Магазин

Ова се најмрзливите хороскопски знаци

Horoskop.jpeg

Дали ви се случува да наместите пет аларми – и да ги преспиете сите? Дали планирате генерално чистење со недели, но на крај креветот секогаш победува?Според астрологијата, склоноста кон одложување не е само навика – туку и можно „дело на ѕвездите“. Некои хороскопски знаци се вистински професори по излежување. Додека едни јуришаат кон целите, овие уживаат во лесен чекор, повеќе одмор и помалку брзање.

Бик
Биковите се хедонисти и обожуваат моменти кога можат да се опуштат без никакви рокови над глава. Тие мајсторски знаат да претворат кратка пауза во половина ден одмор, а задачите трпеливо ги чекаат додека тие се препуштаат на удобноста.


За нив „утре“ е најчестата стратегија, па листите со обврски знаат да им станат долги. Но кога ќе се активираат – работат темелно. Само, тој старт понекогаш знае да потрае.

Рак
Раковите се чувствителни и често одложуваат за да се заштитат од стрес или непријатни ситуации. Кога нешто им делува премногу напорно или емотивно исцрпувачки, најрадо би го оставиле „за после“ и би се свртеле кон нешто што им носи утеха.

Обожаваат сигурност и домашен мир, затоа почесто ќе изберат да успорат отколку да се изложат на притисок. Нивното одложување не е мрзеливост, туку потреба да се стабилизираат пред да дејствуваат.

Риби
Рибите се сонувачи кои често живеат во свој креативен, нежен и хаотично симпатичен свет. Кога треба да се соочат со обврски што бараат структура, план и дисциплина – тие лесно „одпловуваат“ во друг правец.

Тие ја сакаат идејата за ден без брзање, без гужва и без тензии, па одложувањето им доаѓа како природен начин да останат во својата зона на мир. Иако се емпатични, уметнички настроени и добродушни, нивната склоност кон фантазија неретко ги оддалечува од секојдневните задачи.

Можете да прочитате

Вечерва се бираат ТОП 20 бизнис идеи кои ќе се борат за еден милион денари во натпреварот „Средношколец Милионер”

Viber воведува нова функција – дали ќе ја користите?

Овој вид апликации следната година ќе бидат забранети на Андроид уредите