Утрински Весник
Скопје

Левица: ВМРО-ДПМНЕ ни ја вандализираше канцеларијата во Аеродром

Levica.jpg

Синоќа, во доцните часови, со спреј е вандализирана канцеларијата на Левица во Аеродром, соопшти партијата. Оттаму обвинуваат дека тоа е дело на вандали поддржани од власта на ВМРО-ДПМНЕ.

„Вандалите поддржани од власта на ДПМНЕ повторно се обидоа да покажат моќ, односно со спреј ја вандализираа канцеларијата на Левица – ЛО Аеродром.


Очигледно е: кога немаат аргументи, се служат со вандализам и заплашување. Но, ако мислат дека со тоа ќе не‌ заќутат, тропнале на погрешна врата. Членовите на Левица се цврсто убедени во своите ставови и нема сила што може да нѐ натера да отстапиме од нашата идеолошка борба.

Левица била, е и ќе остане непоколеблива против расипничките и штетни политики на ДПМНЕ. Ниту вандали, ниту притисоци, ништо нема да не‌ одврати од борбата за доброто на народот. Следен пат пратете барем писмени луѓе, ВМРО 2893???“, се вели во реакцијата на Левица.

Можете да прочитате

Општина Аеродром: За два месеца 400 тони отпад транспортиран во „Дрисла“

CENTAR NIGHT RUN- прво издание на ноќната урбана трка низ Центар

Ѓорѓиевски и Гоксу го пуштија новото осветлување на Камениот мост