
Соопшштение за јавност на Левица:
Синоќа, во доцните часови, вандалите поддржани од власта на ДПМНЕ повторно се обидоа да покажат моќ, односно со спреј ја вандализираа канцеларијата на Левица – ЛО Аеродром.
Очигледно е: кога немаат аргументи, се служат со вандализам и заплашување.
Но ако мислат дека со тоа ќе не заќутат, тропнале на погрешна врата. Членовите на Левица се цврсто убедени во своите ставови и нема сила што може да нѐ натера да отстапиме од нашата идеолошка борба.
Левица била, е и ќе остане непоколеблива против расипничките и штетни политики на ДПМНЕ. Ниту вандали, ниту притисоци, ништо нема да не одврати од борбата за доброто на народот.


