Утрински Весник
Македонија

Тешко повреден возач од дојранско, избегнал удар во животно и удрил во канделабра

Itna 1.webp.webp

Денеска (15.11.2025) во 06:00 часот во ОВР Гевгелија е пријавено дека на регионалниот пат од место викано „Чавдарова чешма” кон обиколница Богданци, патничко возило „ауди” со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(26) од с.Црничани, дојранско, удрило во канделабра и во сообраќаен знак, откако претходно избегнал и не удрил во домашно животно.

Во несреќата со тешки телесни повредо се здобил возачот, констатирани во Општа болница Гевгелија.


Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Гевгелија.

Можете да прочитате

Познатите говеда од Кривопаланечко одат на лицитација

Трипуновски од Делчево: Продолжуваме со кампањата што ја започнавме, со цел да бидеме во постојана комуникација со земјоделците 

Укината спорната одлука за урбанизам во Тетово, крај за „цртањето“ градежни линии на око