Утрински Весник
Македонија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да се занимава со проблемите на граѓаните наместо со нас

Sdsm.webp.webp

Соопштение за јавност на СДСМ:

ВМРО-ДПМНЕ треба да се грижи за ова што го зборувавме денеска, и ВМРО-ДПМНЕ треба да им даде одговорите на граѓаните за сите оние скандали коишто ги објавивме досега и допрва ќе ги објавуваме. ВМРО-ДПМНЕ треба да размислува за реформите и во нивната партија и во Владата, треба да размислуваат за потребите на граѓаните коишто ги ветија, а не ги испорачуваат, наместо да се занимаваат со СДСМ.


Вчера на Извршниот одбор, секако, беше прифатен, поддржан предлогот на претседателот Венко Филипче за потпретседател на партијата да биде реномираниот доктор Трајановски.

Сите оние информации коишто се „штанцаат” од Белата палата се токму тоа — дефокусирање на јавноста за тоа што го работи, односно не го работи Владата, и од сите скандали коишто се досега објавени.

Можете да прочитате

Кривичната пријава против мене е неосновата, тоа е хајка, рече Беџети

Забрчанец: ВМРО-ДПМНЕ си игра “SIX-SEVEN” мајтап со членството на Македонија во ЕУ

Филков: Секој потрошен денар во судството мора да биде оправдан со резултати