Утрински Весник
Скопје

Без струја делови од неколку скопски општини

Struja1.jpg

Без напојување со електрична енергија времено во текот на денот ќе останат делови од неколку скопски општини. 

Регионалниот центар за управување со кризи, повикувајќи се на информација од ЕВН Македонија, соопшти дека од 08 до 11 часот без струја ќе бидат корисниците од ул. Павле Божинов во општина Гази Баба, од 08 до 12 часот корисниците ул. 28 и ул. 30 од село Белимбегово во општина Илинден, а од 08 до 13 часот корисниците ул.Мирче Оровчанец  во општина Центар.


Во периодот од 08 до 13 часот струја ќе немаат корисниците од дел од ул. Петар Манџуков во општина Бутел,а од 08.30 до 11 часот корисниците ул. Индира Ганди 31 во општина Шуто Оризари.

Од 09 до 12 часот без струја ќе биде Амбулантата во Ѓорче Петров и околните корисници, од 09 до 13 часот корисниците од Жито Алтан, дел од Дрма, Живинарска Фарма во општина Гази Баба и од 09 до 15 часот корисниците од дел од с.Глуво во општина Чучер Сандево.

Можете да прочитате

Општина Аеродром: За два месеца 400 тони отпад транспортиран во „Дрисла“

CENTAR NIGHT RUN- прво издание на ноќната урбана трка низ Центар

Ѓорѓиевски и Гоксу го пуштија новото осветлување на Камениот мост