Утрински Весник
Македонија

Наутро ведро и студено, преку ден до 20 степени

Esen.jpg

Времето денеска наутро ќе биде ведро и студено, а во текот на денот претежно сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 15 до 20 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 17 степени.


Како што информира УХМР, денеска и за време на викендот времето ќе биде стабилно, суво и тивко. Во утринските часови ќе има појава на магла во одредени котлини. В понеделник облачноста ќе се зголеми, а од вторник ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од јужен правец. 

Можете да прочитате

Запленети 2.500 инфузиски сета – годинава Царината заплени 10 илјади парчиња лекови ризични по здравјето на граѓаните

Минчев: Министерството за јавна администрација поставува нови стандарди во управувањето 

LEGO Инклузија: Сетилен Пат до Иновација – Технологија што го отвора светот за секое дете