Утрински Весник
Македонија

Герила акција на ,,Кој е следен?” на плоштадот во Скопје

Screenshot 20251113 102145 messenger.jpg

Движењето „Кој е Следен?“ денеска спроведе герила-акција на споменикот на Олимпија во центарот на Скопје, обвивајќи го во црно.

Како што информираат од движењето, целта е „симболично да се претстави црнината што мајките на децата во Кочани ја носат последниве 8 месеци“.


Оваа акција, воедно, е и повик до жителите на Скопје да се приклучат на солидарниот марш што го организира Здружението „16 март“.

Маршот е закажан за оваа сабота, 15 ноември, со зборно место на Плоштадот Македонија во 12:05 часот. „Маршот на ангелите“, како што е најавен, ќе продолжи кон Собранието и ќе заврши пред Основниот кривичен суд во Скопје.

Целта на маршот е да се повика на правично судење за „масакрот во Кочани“, чие судско рочиште треба да започне на 19 ноември.

„Болката на Кочани мора да ја почувствуваме сите. Не смееме да дозволиме семејствата да маршираат сами, додека ние си продолжуваме со нашиот секојдневен живот. Тие мора да знаат дека сме заедно во оваа борба, од која никогаш нема да се откажеме,“ се вели во соопштението на „Кој е Следен?“.

Од движењето апелираат за масовна поддршка со цел да ги потсетат граѓаните дека „нема да престанат да вршат притисок и да се залагаат за правда за сите жртви на системскиот колапс“.

Можете да прочитате

Минималната плата ќе се зголеми за 2.000 денари во март 2026 година, најави министерот Дурмиши

Велосипедист и пешак се судриле на „Партизанска“

Филипче: Скандалот со ИПРАД потврди дека мрежите на корупција одат до врвот на власта на Мицкоски