Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Поранешен градоначалник одбил функција во СДСМ

Vmro.webp.webp

Станува очигледно дека Венко Филипче нема капацитет да ја обедини сопствената партија, да ја реформира а уште помалку да понуди визија за државата. Со освоени само 120 илјади гласа и 6 општини партијата е во длабока политичка и организациска криза.

Дека во СДС под водство на Филипче постојат длабоки поделби и несогласувања меѓу највисоките структури во раководството говори и фактот на одлив на кадри каде искусни партиски членови и поранешни функционери се дистанцираат и заминуваат од СДС.


Дали се точни информациите кои од Бихачка стигнаа до нас каде се тврди дека познат доктор и поранешен градоначалник, одбил функција во раководството на СДС, поради сомнеж во лидерскиот капацитет на Филипче?

Филипче ја турка СДС во лидерска криза. Филипче не ужива доверба и не е перципиран како лидер кој обединува а симпатизери и членови на СДС не сакаат да бидат дел од раководните структури и се дистанцираат од партијата.

Филипче нема авторитет и не успева да ја мобилизира базата и да наметне јасно лидерство. Партиското раководство е поделено без јасна стратегија и без кохезија. Дел од високите функционери го доведуваат во прашање капацитетот на Филипче. Со Филипче на чело СДС станува се помалку релевантен фактор на политичката сцена.

Доколку нема сериозни реформи и одговорно раководство СДС ризикува целосно да ја изгуби политичката тежина.

На Македонија и неопходна силна и конструктивна опозиција која ќе биде коректор на власта

Можете да прочитате

Палела ѓубре во двор па предизвикала пожар

Трајановски нов потпретседател на СДСМ

Одложено судењето на поранешните директори на Агенцијата за млади и спорт