Утрински Весник
Македонија

Коцевски за Извештајот на ЕК: Тоа се фактите, недостасуваат човечки и материјални ресурси

Image 2025 11 11 122946737.png
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Тоа се фактите, недостасуваат човечки и материјални ресурси, она што го констатирала Европската Комисија е и наше видување, изјави републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски, коментирајќи го Извештајот на ЕК за напредокот на земјата.

Според Коцевски, за да има успех во борбата против криминалот треба да се создадат и услови.


-Во конкретниот случај во Јавното обвинителство, тоа го истакнувам повеќе пати, работиме со јавнообвинителска служба од една третина, што значи околу 360 вработени, а ни требаат околу 1 126. И минатата 2024 и оваа 2025 и за наредната година од страна на Министерството за финансии не ни се дозволува ниту едно вработување, изјави Коцевски, одговарајќи на новинарски прашања пред денешната седница на Советот на јавни обвинители.

Прашан за најавите од власта дека ќе преземе мерки во правосудството по завршувањето на локалните избори, Коцевски рече дека тие повеќе ги цени како политички изјави.

-Во однос на платите, тоа е регулирано согласно закон и нашите плати, споредувајќи ги со платите на регионот се навистина најниски, нагласи Коцевски.

Согласно Законот за јавното обвинителство, нагласи Коцевски, процентот на средствата за ЈО треба да биде 0,4 % од БДП, а сега, исто како и минатата година се предвидени 0,2 отсто.

-Без разлика што, се настојува со новиот Закон за јавно обвинителство, дури да се покачи на 0,5%. Што значи дека истиот износ во однос на паричните средства е и во минатата и оваа година, како и за наредната година, посочи Коцевски.

Можете да прочитате

Рекордна наплата на патарини: Државната каса побогата за над 4,1 милијарда денари

14 години од смртта на Киро Глигоров – таткото на македонската независност

(Фото) Скопје ја дочекува Новата 2026 година со полн плоштад