Утрински Весник
Свет

Џаред Кушнер пристигна во Израел на разговори со Нетанјаху за Газа

20251109193651 big 730x400 44.webp.webp

Влијателниот зет на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер, пристигна во Израел на разговори со премиерот Бенјамин Нетанјаху за имплементација на американскиот план за ставање крај на војната во Газа, велат извори запознаени со ситуацијата.

Кушнер се очекува утре да се сретне со Нетанјаху, рекол изворот, кој зборувал под услов на анонимност бидејќи состанокот не е формално најавен. Белата куќа и Кабинетот на Нетанјаху засега не ги коментираат информациите, пренесе Тајмс оф Израел.

Порталот информира дека сведочењето на Нетанјаху во неговото судење за корупција утре е откажано поради дипломатски состаноци. 

Трамп во септември објави план од 20 точки за ставање крај на двегодишниот конфликт на палестинските територии, почнувајќи со прекин на огнот што стапи во сила на 10 октомври, како и предавање на заложниците што ги држеше Хамас во Газа.

Можете да прочитате

Телефонски разговор Путин – Нетанјаху за ситуацијата на Блиски Исток

Сирија и Ирак запленија 2,5 милиони таблети Каптагон

Зеленски: Украина никогаш не била и нема да биде пречка за мирот