Утрински Весник
Спорт

Со натпревари во Куманово и во Струга стартува 13.то коло во ПФЛ

Pmfl.png

Со одигрувањето на денешните два дуела стартуваат натпреварите од 13. коло од Првата фудбалска лига. Прволигашки фудбал ќе се игра во Куманово и во Струга.

Во Куманово Башкими го пречекува Работнички, додека во Струга истоимената екипа е домаќин на Арсими. Почетокот на двата натпревара е во 13 часот.

Утре (недела) во истиот термин ќе играат: Вардар – Тиквеш и Пелистер – Брера, додека за понеделник се закажани дуелите: Силекс – Шкупи и Шкендија – Македонија ЃП.

Можете да прочитате

Клубот на Роналдо е во длабока криза, должи 200 милиони долари

Tрка од Формула 1 шампионатот ќе се одржи во Малезија наместо во Бахреин

ИОК нема да ги истражува постапките на Инфантино на СП 2026