Утрински Весник
Спорт

Мусети спаси меч-топка за финале против Ѓоковиќ во Атина

20251107212021 big 730x400 82.webp.webp

Италијанскиот тенисер Лоренцо Мусети остана во игра за место во АТП финалето, турнир што започнува во Торино в недела откако вчера се пласираше во финалето на турнирот во Атина.

Мусети во полуфиналната пресметка против Американецот Себастијан Корда спаси меч-топка, триумфирајќи со 2-1 во сетови (6-0, 5-7, 7-5) по два часа и 22 минути.

Во финалето, Мусети ќе игра против српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, кој претходно рутински со 2-0 во сетови го совлада Германецот Јаник Ханфман.

Можете да прочитате

Легендата на светското пливање се бори со депресија

ФИФА загрижена поради слабиот интерес за Светското првенство 2026

Галатасарај убедлив против Јувентус, ПСЖ со пресврт го совлада Монако