Утрински Весник
Свет

Во Украина изречена прва доживотна казна за руски војник поради егзекуција на воен заробеник

Ukraina.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Украински суд првпат осуди руски војник на доживотен затвор поради егзекуција на украински воен заробеник, соопшти денеска Службата за безбедност на Украина (СБУ).

– Ова е прва пресуда во историјата на Украина во која окупаторската сила е осудена на таква казна, особено поради егзекуција на војник од одбранбените сили, се наведува во соопштението на СБУ.

Осомничениот, 27-годишен руски државјанин по име Дмитриј Курашов, е обвинет дека на 6 јануари 2024 година пукал и убил украински војник кој останал без муниција и се предал, во близина на селото Прјунтне во делумно окупираната област Запорожје, на југот на Украина.

Курашов истиот ден бил заробен од украинските сили заедно со уште четворица припадници на неговата единица, наведува СБУ.

Украинските власти посочуваат дека осомничениот претходно бил затворен во Русија поради кражба, пред да се приклучи на армијата во ноември 2023 година во замена за амнестија.

Курашов е прогласен за виновен за „кршење на законот и обичаите на војната и доброволно убиство“.

Од почетокот на руската инвазија врз Украина пред повеќе од три и пол години, Москва и Киев редовно се обвинуваат меѓусебно за убиство на воени заробеници.

Можете да прочитате

Израелската влада го затвора Военото радио

Премиерите на Данска и Гренланд го повторија барањето до САД за почитување на нивните граници

Кинеските царини за млечните производи од ЕУ се неправедни и неоправдани, оцени ЕК