Утрински Весник
Македонија

Јакимовски: ВМРО-ДПМНЕ! Во Карпош не победивте! Силувавте! Карпош го украдовте!

Dik Izborna Komisija Pretsedatelski Kandidati Kodeks Za Fer Izbori Jakimovski 8 Bg.jpg
Dik 300x250 mk

На секои избори некој мора да победи, некој да загуби. Коректно е на победникот да му се честита и да се признае поразот. Ниту признав! Ниту му честитав на новиот! Зошто? Затоа што борбата не беше витешка, туку кукавичка. Граѓаните на општина Карпош не заслужуваат не фер игра. Од 2000 година, па наваму, сите избори биле кристално чисти. Еден глас немам уценето, купено или на некого да сум му се заканил. Победите биле чесни и израз на вољата на граѓаните. Поразот од 2017 година истата вечер го признав и му честитав на тогашниот победник Богоев. Затоа што победија чесно, без далавери.

Може ли да се збори за чиста победа ако ја искривуваш волјата на гласачите? Се собравте цела влада, најголемите олигарси кои тежат над милијарда, со Фондот за здравство, лекари без достоинство, на платен список на олигархот. Купивте ромски гласови, купивте албански гласови во Нерези, ама таму плативте мноогу поскапо! Оти ромските души се поевтини, за вас секако. Ги вклучивте сите дилери на дрога кои цел месец ги хранеа консументите на белиот прашак. Ги плативте долговите во кладилниците на сите оние што лебот го вадат од кладење. Само и само да гласаат за сенката на Мицкоски.

За одземање на лична карта на гласачи кои би гласале за мене плаќавте педесет евра. А на оние што ќе однесат и ќе стават во кутијата гласачко ливче заокружено со број 9 и ќе вратат празно 100 евра. Крадевте ливчиња, правевте бугарски воз, вашите инсталации во избирачките одбори даваа по две ливчиња, а тоа значи да гласа за двајца. Фолираа дека наводно им се утнало под рака двојно ливче. Делевте брашно, уценувавте, се заканувавте…

Сите медиуми беа ваши. Без било каква моја реклама во вториот изборен круг. Цели избори ги поминав без ќор банер или било каква реклама на порталите. Блокада од телевизиите со национална фрекфенција, освен две соочувања и едно интервју кое требаше да биде дебата. Тоа беше вистински одраз на демократскиот амбиент во кој што Карпош требаше да се бори против вашите „кинења на зелени“, секој збор промашување, демонстрирање на раскошно незнаење, обвинител задолжен за избори кој мирно следеше купување на гласачи иако за тоа имаше јавна потврда. Имаше две илјади и деветстотини неважечки ливчиња! Ги прогласивте за невачки сите ливчиња каде што јасно гласачот ја изразил својата воља дека гласа за мене!

И најбитното! Не јас, туку вие, направивте полујавна непринципиелна коалиција! Значи не се здружија партиите, симпатизерите и членовите, туку нивните водачи! Не против мене, туку против цитирам: „Најубавата, најурбаната и најпосакуваната општина!“ Впрочем, ова го изјавуваше вашиот академик Лукровски. Во оваа иста општина, два месеца ноќно време го истоваравте ѓубрето со камиони од Сарај и Ѓорче Петров. Што би рекол Хари Мата Хари „ко лопов се крадеш“.
И…? И, кој ви е резултатот!? На една страна јас, мојот пи-ар, снимателот со телефончето, шоферот и граѓаните. А на другата страна сите вие. „Чесните“. И што постигнавте? Илјада и стотина мизерни ливчиња повеќе. Не ме победивте мене, туку ги надитривте граѓаните на Карпош. И нечесното ќе се памети за секогаш.
Сосема за крај. Слично вака, вие од ВМРО-ДПМНЕ 1999 година на претседателските избори, со крадење, силување, тепање, со скршени вилици и черепи, му ја украдовте победата на Тито Петковски и го устоличивте за претседател вашиот Борис Трајковски.

Можете да прочитате

Попладнево голема полициска во ИПАРД Агенцијата

АВМУ: 562 часа платеното политичко рекламирање на радиодифузерите за првиот круг од кампањата за Локалните избори

Мицкоски: Македонија останува посветена на европскиот пат, но без двојни стандарди и политички притисоци