Утрински Весник
Свет

Трет обид за покорување на Русија може да ја уништи Европската Унија

Moskva.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Обидите на Европа да воспостави контрола над Русија во минатото двапати целосно пропаднале, а третиот таков обид може да биде кобен за самата Европска Унија, изјави пратеникот во Европскиот парламент, Михаел фон дер Шуленбург, пренесуваат германските медиуми.

Тој потсети дека Европа во два наврати во 20. век се обидела да ја покори Русија – во Првата и Втората светска војна – но секој пат доживеала пораз.

– И секој пат губиме. И секој пат беше потребно да се демонстрира сила за да се држи оваа огромна Русија со нејзината огромна територија под контрола – порача Фон дер Шуленбург, кој во Европарламентот е дел од групата на Независни пратеници. Инаку е поранешен германски дипломат во ОБСЕ и ОН, а сега член на германската партија Алијанса Зара Вагенкнехт – Разум и Правда (БСВ).

Според него, сегашното однесување на европските елити покажува дека тие не ги научиле лекциите од историјата. Тој предупреди дека сè поизразената милитаризација, особено во Германија, претставува поголема закана за стабилноста на континентот отколку самата Русија.

Фон дер Шуленбург особено ги критикуваше изјавите на германскиот канцелар Фридрих Мерц за создавање на најсилна војска во Европа, оценувајќи дека таквите пораки предизвикуваат нелагодност кај соседните земји, како што се Полска, Чешка, Холандија и Франција.

– Тоа би можело да доведе до нови поделби во самата Европска Унија – предупреди европратеникот, додавајќи дека токму политиката на демонстрација на сила и надмоќ во минатото повеќе пати ја довела Европа до катастрофа.

Можете да прочитате

Автомобил влета во толпа на светлосна парада во Холандија, најмалку девет повредени

На аеродромот во Единбург авион на „Ryanair“ се судри со цистерна

Тројца тешко повредени по експлозија во хемиска фабрика во Франција