Утрински Весник
Економија

Раст на извозот и на увозот, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија

Izvoz uvoz.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија, во периодот јануари – септември 2025 година, според Државниот завод за статистика, изнесува 5,9 милијарди евра и бележи раст од два проценти во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, пак, изнесува 8,49 милијарди евра, што е за 3,5 проценти повеќе во споредба со лани.

Трговската размена по производи според Стандардната меѓународна трговска класификација покажува дека во извозот најголемо е учеството на: катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта и други катализатори на носачи.

Во увозот најмногу се застапени: нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и други моторни возила за пренос на лица.

Во периодот јануари – септември 2025 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија, кои учествуваат со 47,7 проценти во вкупниот обем на размената. Земјите членки на Европската Унија учествуваат со 59,6 проценти во вкупната размена.

Можете да прочитате

ЕСМ и Владата започнуваат историски инвестициски циклус во обновливи извори, потпишани договори за 97 милиони евра

СДСМ: Нема поголема минимална плата, доаѓаат „економски работници”

МЗШВ: Исплатени се 335.963.096 денари кон 1.211 сточари