Утрински Весник
Македонија

Македонија и Бугарија ќе го потпишат Договорот за изградба на меѓуграничниот железнички тунел

Pruga Zeleznica Sine Pixabay 2.jpg

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, во четврток, 6 ноември, заедно со вицепремиерот и министер за транспорт и врски на Република Бугарија, Гроздан Караџов ќе го потпишат Догорворот за подготовка, изградба и оперативност на меѓуграничниот железнички тунел на Коридор 8.

На потпишувањето кое ќе се случи на железничката станица Ѓуешево, предвидено е да присуствуваат претставници на Европската комисија, претставници на НАТО, претставници на САД на Европската инвестициска банка, Европската банка за обнова и развој, како и претставници на Светска банка.

Изградбата на железничкиот тунел ќе претставува меѓугранична точка на двете држави на Коридор 8. Проектираната должина на тунелот е околу 2,4 км, од кој 1,2 км се наоѓа на територијата на Македонија. 

Изградбата на железничкиот Кориодр 8, покрај економското значење за Македонија и регионот, има и безбедносно значење во рамки на НАТО Алијансата. Во таа насока, на источниот Коридор 8 веќе е изградена и пуштена за сообраќај пругата од Куманово до Бељаковце. Делницата од Бељаковце до Крива Паланка е во фаза на изградба, а интензивно се работи и на подготовка за третата делница од Крива Паланка до границата со Република Бугарија која во продолжение ќе го опфати и тунелското решение.

Можете да прочитате

СДСМ: Мицкоски призна, со ВМРО-ОК Македонија нема да стане членка на ЕУ – предадени се националните интереси 

ССНМ и ЗНМ: Повикот на ОЈО за „воздржаност“ може негативно да се протолкува

Николоски: Авиокомпаниите веќе ја таргетираат Македонија како атрактивна дестинација, политиките на Владата дадода резултати, годинава планираме над 3,5 милиони патници